Македонија
1. October 2020 - 16:55

Одржан првиот академски час

Прв акедемски ден за Дарко Баровски и Омар Џафероски. Со индекс во рацете и со големи очекувања тие ги почнаа студиите, едниот правните, а вториот односи со јавност. Поради пандемијата наставата ќе ја следат онлајн, велат дека се подготвени.

Добредојде на бруцошите на УКИМ денеска им посакаа ректорот и деканите, но и претседателот Пендаровски. Ректорот Јанкуловски очекува здравстевната криза да не се одрази врз квалитетот на образованието. Во повеќето факултети тоа ке биде онлајн, но и комбинирано на некои факултети каде праксата и физичкото присуство ке бидат потребни.

Престедателот Пендаровски вели дека е свесен за предизвиците кои ги носи пандемијата за образовниот процес, но ги повика студентите да не ја губат желбата за знаења и да бидат флексибилни. Период на адаптација е потребен за сите, и за професорите но и за студентите

На правниот и филозофскиот факултет денеска свечено им беа предадени индексите на идните академски грагани.