-->
-->
Одрони на магистралата А3 на патниот правец Делчево – Кочани
-->
По интензивните врнежи од дожд што го зафатија источниот регион, од утрово повторно е забележлива појава на одрони. Возачи информираат дека голема карпа од одрони стои испречена на патниот правец од Македонска Каменица кон Кочани со што движењето во сообраќајот е отежнато.
-Карпата се наоѓа од десната страна на коловозот и го попречува оној дел на коловозот за возачите кои патуваат кон Кочани. На левата страна постои простор каде можат да поминуваат возилата, но на ризик на самите учесници во сообраќајот, јавуваат возачи.
За одроните е известена екипа на Македонија пат која се упатила на местото на настанатите одрони и се очекува наскоро истите да се расчистат. Сепак од таму апелираат на внимателно возење од страна на учесниците во сообраќајот, бидејќи за време на дожд поради стрмниот терен можни се почести одрони на повеќе места. На останатиот дел од патниот правец Делчево – Кочани, сообраќајот се одвива по влажни коловози.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива