Одрони го отежнуваат сообраќајот на патот Маврови Анови-Дебар
Една поголема и неколку помали карпи кои синоќа доцна вечер паднале на коловозот, го отежнуваат одвивањето на сообраќајот на регионалниот патен правец Маврови Анови-Дебар.
Според денешните информации од СВР Тетово, во непосредна близина на бензинската станица на „Макпетрол“ кај манастариот „Бигорски“, дошло до одрон, при што една карпа со поголеми димензии го попречува движењето по едната и дел од другата коловозна лента. Заради безбедносни причини, сообраќајот на овој дел од патот се пренасочува со соодветна сигнализација преку бензинската.
Според најавите, во текот на денот се очекува механизација да го расчисти одронот.
Од СВР Тетово упатуваат апел за зголемена внимателност на возачите кои патуваат под долината на Радика, особено заради големата влажност на коловозите и водата која се задржува од обилните врнежи.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Новите 352 пожарникари потпишаа договори
-
Тема на денот со Петар Богојески, Македонски концепт
-
Битката за Чаир клучна на локалните избори
-
Осуда од ВЛЕН за навивачките скандирања
-
Манасков: Брутална партизација на образованието пред избори
-
Петрушевски: Обвинителот Коцевски служи на СДСМ, наместо на народот
-
Громорозно убиство во Штип