-->
-->
Одрони го отежнуваат сообраќајот на патот Македонска Каменица – Кочани
-->
Одрони од утрово го отежнуваат сообраќајот на патниот правец Македонска Каменица – Кочани. Возачи кои сообраќаат на оваа релација, јавуваат дека одроните се наоѓаат на 100-150 метри пред таканаречениот „каменолом” во близина на местото „Драките“.
-Одроните се со средна големина и притоа се наоѓаат на десната коловозна лента. Местото каде се наоѓаат одроните се под голема карпа кај месноста „Драките“, која стравуваме дека поради врнежите може да создаде дополнителни непријатности. За своја лична сигурност за оние возачи од Делчево кои планираат да патуваат до поголемите градови и ја користат оваа патна мрежа, препорачуваме внимателно возење, раскажуваат возачи.
Од Македонија пат го потврдија случајот, при што истакнаа дека нивни екипи се на терен, со цел расчистување на одронот.
Во меѓувреме поради влажните коловози од АМСМ препорачуваат внимателно возење и внимавање на одроните кои во овој дел од државата најчесто ги има на патниот правец Кочани – Македонска Каменица – Делчево и Виница – Берово.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вреди: Не треба да се отвораат старите рани
-
Победа над Фарски Острови - македонските ракометари се пласираа на Светско
-
Пендаровски се заблагодари на граѓаните за укажаната доверба
-
ЦУК: Спасени две лица кои со „квадрицикл“ излетале во провалија на Шара
-
Приштина: Притвор од 30 дена за државјанин на Србија вмешан во ланските немири во северно Косово
-
ЕУ потсетува на важноста од целосно почитување на Договорот од Преспа
-
Мишел и Фон дер Лајен со честитки во Сиљановска Давкова: Очекуваме соработка на европскиот пат на земјата
-
Алексеј Навални постхумно ќе ја добие наградата за мир во Дрезден