-->
-->
Одредени квалификациските групите за олимпискиот кошаркарски турнир
-->

Одредени се групите на четирите квалификациски турнири преку кои 24 репрезентации ќе се борат за четирите слободни места за настап на олимпискиот кошаркарски турнир во Токио следното лето.
По дуелите во групи, двете првопласирани селекции ќе разигруваат во полуфиналето, по кое ќе следува и финалето на секој од четирите турнири, а само победникот ќе обезбеди настап на Олимпијадата во Токио.
Најнеизвесно се очекува да биде на турнирот во Сплит, каде покрај домашната селекција на Хрватска ќе настапуваат и репрезентациите на Русија, Германија и Бразил, додека Мексико и Тунис се апсолутни аутсајдери во оваа конкуренција.
На турнирот во Белград, домаќинот Србија важи за главен фаворит, а како најсериозен противкандидат на Србите ќе им бидат кошаркарите на Италија.
Во иста улога ќе бидат Литванците кои ќе бидат домаќини на турнирот во Каунас, каде како кандидат за финалето се издвојува и селекцијата на Словенија.
Канаѓаните кои ќе бидат домаќини на турнирот во Виторија, се чини и немаа многу среќа, бидејќи во групната фаза за противници ги добија Грците и Кинезите, преку кои најнапред ќе треба да се изборат за полуфинале, а дури потоа за размислуваат за противникот во евентуалното финале.

Покрај машките на денешната ждрепка беа одредени и групите за турнирите во женска конкуренција.
Олимписките квалификациски турнири ќе се играат во јуни следната година.

-->
-->
-->
Ново на Сител
-

На располагање сите човечки и материјални ресурси
-

Зголемен број на пациенти со грип на инфективна после нова година - Едно лице е во критична состојба
-

Лажен лекар успеал со измама да „заработи“ близу 20 000 евра
-

Цените на храната и оваа година ќе останат исти, смета бизнисот
-

ФЗО и ПМФ склучија договор за детални генетски анализи кај онколошки пациенти
-

Вевчански карневал од 12-14 јануари
-

Преглед на вестите од светот
-

Висок водостој на реките на Истокот, но без опасност од поплави
