Одреден притвор за министерот за безбедност на БиХ, Ненад Нешиќ
Суд на Босна и Херцеговина им одреди едномесечен притвор на министерот за безбедност на Босна и Херцеговина Ненад Нешиќ, директорот на „Патишта на Република Српска“ Милан Дакиќ и Младен Лучиќ, сопственик на компанијата „Легенда „ од источно Сараево, кои Обвинителството ги товари за заговор за извршување кривични дела, перење пари, примање мито и злоупотреба на службената положба или овластување.
Во соопштението на Судот на БиХ, објавено на страницата на оваа судска институција по полноќ, се наведува дека мерката притвор за Нешиќ, Дакиќ и Лучиќ е одредена „поради страв дека ќе уништат, скријат, менуваат или фалсификуваат докази и траги важни за кривичната постапка и влијаат врз сведоците, соучесниците или прикривањата“.
Рочиштето во Судот на БиХ, на кое Обвинителството на БиХ побара на тројцата да им се одреди притвор, се одржа вчера.
На Нешиќ пред закажаното рочиште му се слоши, па заврши во итната медицинска помош, за по завршувањето на рочиштето повторно да му се слоши, по што бил хоспитализиран во Клиничкиот центар во Сараево.
Ново на Сител
-
Приведен 30-годишник, прегазил пешак кој што подоцна починал
-
Приведен 48-годишен тетовец, управувал возило под дејство на алкохол
-
Јавна осуда од Комората на психолози за нападот и навредите на социјалните мрежи
-
Претрес во скопско, пронајдени гранки и стебла од канабис, приведен 50-годишник | ФОТО
-
Приведени тројца возачи во Куманово, управувале возило под дејство на алкохол
-
Малолетник од Гостивар приведен на патот Ресен–Охрид со украдено возило
-
Откриена спомен бистата на полицаецот Тоше Тодоровски, кој загина во пожарот во дискотеката „Пулс“
-
НАТО: Руското нарушување на воздушниот простор е опасна ескалација