Одреден притвор од 30 дена за осомничените за убиството на Данка
Одреден притвор од 30 дена за осомничените за убиството на малата Данка во Србија, откако синоќа беа спроведени на распит во Вишото јавно обвинителство во Заечар.
Двајца осомничени за убиството во Бањско Поле кај Бор, Ј. С. (50) од село Лука и Д. Д. (50) од село Злот се товарат за кривично дело „тешко убиство во соизвршителство“. Осомничени се дека со автомобил го удриле девојчето, а потоа се договориле да го фрлат нејзиното тело.
Од српското обвинителство соопштија дека Д.Д. во целост го признал извршувањето на делото, додека Ј.С. се бранел со молчење.
По барање на обвинителството, судијата на претходна постапка на Вишиот суд во Зајечар на осомничените им одреди мерка притвор до 30 дена, поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и уништување или отстранување на трагите за кривично дело, како и поради вознемирување на јавноста – стои во соопштението.
Во натамошниот тек на постапката ќе бидат сослушани сведоци и ќе се извршат потребните вештачења, додаваат од обвинителството.
Според претходно познатите околности, телото на девојчето е фрлено на депонија. Но, и покрај интензивната потрага, телото сѐ уште не е пронајдено.
Ново на Сител
-
Билјана Ивановска влегува во градоначалничката трка во Центар
-
Министерството за правда и ДИК бараат решение за независните кандидати
-
Младата Вања апелира министерството да обезбеди инсулински пумпи на сите пациенти со дијабетес Т1 на кои им е потребна
-
Судење за екс обезбедувачот на премиерот, се презентираа снимки
-
Македонското малцинство во Бугарија не постои во последниот извештај на Стејт департментот
-
Огнот се приближи до објектите на ЈП Јасен – сите сили фокусирани на Јасен
-
Забрзано се гради автопатот Охрид-Кичево
-
Кривична пријава за директорот на Паркови и зеленило оти не им дава плати на вработените во Флораком и Луна