Одобрени 127 милиони евра за пругата кон Бугарија и за патишта со ИПА 2

Одобрена е ревидираната Секторска оперативна програма за транспорт 2014-2020, во рамки на ИПА 2 програмата, преку која за Македонија се обезбедени 127, 2 милиони евра. Од нив 108,1 милион евра се од ИПА 2 програмата, а 19,1 милион евра од македонскиот Буџет. Парите се наменети за проекти во секторите железници, во сеелезници, патишта и за техничка помош.
- Во секторот Железници алоцирани се 71,5 милиони евра и ќе бидат искористени за изградба на дел од третата фаза на пругата кон Бугарија, делница Крива Паланка – граничен премин Деве Баир, соопшти денеска Министерството за транспорт и врски.
За патишта се обезбедени 48,7 милиони евра. Со нив ќе се гради втората фаза од експресниот пат Градско – Прилеп, делница Градско – Дреново, третата лента на патот Градско – Прилеп, ќе се реконструира делницата Куманово – Ранковце, делница Плетвар, и ќе се заменат заштитните огради на автопатот на Коридор 10, во должина од 100 километри.
Седум милиони евра, пак, се обезбедени за техничка помош, односно изработка на проектни документации за изградба на велосипедски патеки во Скопје, Тетово, Штип и Охрид, за замена на сигнализација на железничките премини и за изградба на мултимодален јазол во Трубарево.
- Владата на Република Македонија е силно посветена на реализација на капиталните проекти и споведување на реформи во секторот Транспорт со кои се очекува да се забрза економскиот раст на земјата, се вели во соопштението од Министерството за транспорт и врски.
Ново на Сител
-

Серија пријави за семејно насилство во Скопје, Делчево и Штип за едно деноноќие
-

На ГП „Блато" приведен албански државјанин баран со меѓународна потерница
-

Лажно се претставил како лекар и измамил 67-годишна жена за 12.400 евра.
-

Макрон, Мерц и Стармер го осудуваат „убиството на демонстранти“ во Иран
-

ЦУК: Обилните врнежи од дожд предизвикаа одрони, свлечишта и поплави на повеќе места во државава
-

Родригез: Венецуела ќе се спротивстави на агресијата на САД преку дипломатски средства
-

18 годишникот кој усмрти жена кај ТЦ Беверли Хилс заедно со неговиот татко избегал од државата
-

Партиите од Гренланд: Не сакаме да бидеме Американци
