Одмаралиштето на Пониква повторно во служба на повредените во „Пулс“
Одмаралиштето на МВР на Пониква повторно ќе биде ставено во функција за рехабилитација на повредените од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Дел од повредените покренале иницијатива за уште еден повеќедневен третман со стручен лекарски тим, но и заради чистиот воздух, неопходен за подобрување на респираторниот тракт. Повеќето од нив се вратија на секојдневните обврски, на работните места, факултетите и средните училишта.
- Веќе имаат некакви обврски и тоа кога би го организирале како нов тип на летен распуст, заради тоа што сепак е планина и добро делува за белите дробови, а и во однос на социолошкиот и психолошкиот аспект, бидејќи останува препораката да бидат заштитени до сонце во следните 2 години, изјави Катерина Паниќ Мирчевска, директорка на ЈЗУ Општа болница – Кочани.
Континуираната стручна поддршка им овозможи повторно да се вратат на професиите со кои се занимавале или се едуцирале пред трагичниот настан.
- Кај музичарите повторно да ги вратиме да свират на инструменти. На студентите по медицина им организиравме со колегите од пластична хирургија да видат дека повторно им функционираат прстите, дека добро се снаоѓаат и дека ќе бидат добри лекари во иднина, додаде Паниќ Мирчевска.
Минатото лето на Пониква беа организирани групни терапии за над 150 пациенти, во четири смени по две недели, кои беа под секојдневен надзор на физиотерпаевти, психолози и лекари специјалисти од Клиниката за пластична хирургија во Скопје.
-

Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар
