Одлуката за изборот на Џафери објавена во Службен весник

Од ЈП „Службен весник на РМ“ потврдија дека во денешниот број е објавена одлуката дека Талат Џафери е избран за претседател на Собранието на Република Македонија, со што тој официјално ќе ја преземе функцијата во законодавниот дом.
- Денешниот број на „Службен весник“ е отпечатен, во тек е дистрибуцијата по што ќе биде подготвено и поставено и интернет изданието, информираат од ЈП „Службен весник“.
Минатата недела од Службен весник најавија дека на почетокот на оваа недела ќе ја објават одлуката во првиот нареден број.
Џафери беше избран за претседател на Парламентот вечерта на 27 минатиот месец по затворањето на продолжението на конститутивната седница. За изборот на Џафери гласаа пратениците од СДСМ и од алчанските партии. За ВМРО-ДПМНЕ изборот е нелегитимен и со него се прекршени собранискиот Деловник, законите и Уставот.
На 4 мај Талат Џафери со писмо го извести претседателот Ѓорге Иванов дека е формирано ново парламентарно мнозинство со што се создадени услови да биде доделн мандат за составување Влада. Шефот на државата, како што соопшти неговиот кабинет, ќе постапи согласно Уставот и воспоставената практика.
По изборот Џафери најави дека следната собраниска седница ќе ја свика откако претседателот Иванов ќе го додели мандатот за формирање нова Влада на Заев.
Ново на Сител
-

Кошта: Проширувањето е наша заедничка цел, иднината на Северна Македонија цврсто припаѓа во Европската Унија
-

Сиљановска-Давкова положи венец пред Споменикот на слободата во Девин
-

Мицкоски го пречека Кошта, по тет-а-тет средбата ќе има состанок на двете делегации и заедничка прес-конференција
-

Канал 12: Напнат разговор меѓу Нетанјаху и Трамп околу израелските напади врз Бејрут
-

Собир на граѓани го блокира сообраќајот на „Бутелска“
-

Антонио Кошта пристигна во Скопје
-

Во Вашингтон нова рунда директни преговори помеѓу Израел и Либан
-

Најмалку 16 луѓе повредени во невреме во Јапонија
