Македонија
14. May 2021 - 16:33

„Одлучен удар 21“ почнува во понеделник со над 1000 војници од Македонија, САД, Бугарија и Грција

1.500 војници ќе учествуваат во вежбата Одлучен удар 21 која ќе се одржува на Криволак од понеделник до 02 јуни. Станува збор за робусна, масовна вежба, прва откако Македонија стана членка на НАТО, со голем број припадници на македонската и американската армија, а ќе учествуваат и помал број војници од бугарската и грчката армија.

-Одлучен удар 21 е одбранбена вежба со подготовка за контрапад. Дел е од чадорот на „Defender Europe“ во која учествуваат 27 земји со 28.000 војници.

Ова е одлична можност за проверка на македонските безбедносни сили во случај на криза.

-Вежбата Одлучен удар е извонредна можност за јакнење на нашата интероперабилност со останатите земји учеснички во вежбата и наши сојузнички од НАТО Алијансата, зголемување на нашата борбена готовност и секако потврда за нашите напори за трансформација на Армијата.

-Вежбата е еден силен пример на тоа како Северна Македонија е подготвена да работи заедно со САД и другите НАТО сојузници со цел да ги адресира идните закани и да покаже како Северна Македонија веќе придонесува на Алијансата.

Сценариото на вежбата се подготвува од декември 2019 година. За да се направи ваква масовна вежба во изминатиот период македонските војници заедно со планери од САД работеа на подготовка на полигонот.

-Затоа денеска како дел од полигонот ја имаме полетно-слетната писта за беспилотни летала, ги имаме магацините кои ќе се користат за време на вежбата, ги имаме подвижните и неподвижните мети кои даваат многу поголеми капацитети за извежбување и имаме целосно заокружена патна инфраструктура.

На Криволак поставен е и систем за мониторинг кој треба да покаже колку употребата на оружје и воена технологија влијае врз животната средина.