Одложено судењето за Божиновски, протест пред Кривичниот суд
Поддршка за новинарот Зоран Божиновски денеска со мирен протест пред скопскиот Кривичен суд изразија членови на новинарските здруженија, медиумски организации, активисти и медиумски работници. Божиновски се товари за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.
Претседателот на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Насер Селмани рече дека се дојдени да покажат солидарност со Божиновски кој, како што додаде, веќе три години е изложен на судски прогон поради неговата работа како новинар.
- Ги потсетуваме судиите дека Македонија е втора земја во Европа во која има новинар во затвор. Прво беше осуден Томислав Кежаровски, а сега и Божиновски. Гласно прашуваме кој ќе биде следниот, рече Селмани. Новинарите, како што истакна, не се пред судот за да вршат притисок ниту да им кажат на судиите какви пресуди да носат, туку за да го кренат гласот против неправдата.
Учесниците во мирниот протест побараа Божиновски да се брани од слобода.
Зоран Божиновски се наоѓа во притвор од април годинава кога беше екстрадиран од Србија. Тој првично беше опфатен во предметот „Шпион“, но бидејќи беше недостапен, предметот за него беше раздвоен.
Судењето за Божиновски, кое беше закажано за денеска, е одложено за крајот на септември. Судијата која го води предметот за Божиновски ги побарал доказите кои се дел од предметот „Шпион“ уште во август, но се уште нема добиено одговор од Апелацискиот суд. Скопскиот Кривичен суд не може да ги добие доказите бидејќи денеска предметот „Шпион“ е на јавна седница во Апелацискиот суд.
Ново на Сител
-
УК за радиотерапија и онкологија апелира за смиреност и доверба во персоналот
-
Мицкоски: Ние сме подготвени, Европа може да смета на нас, а сега е време и ние да почнеме да сметаме на Европа
-
Двајцата пациенти со мајмунски сипаници се од Скопје, не патувале надвор од државата, вели Андоновска
-
Во Појасот Газа пристигна уште помош, додека ОН предупредуваат на проблеми со дистрибуцијата
-
Русија три дена под масовен напад со дронови
-
Управувал возило со 2,1 промили алкохол во крвта - уапсен охриѓанец
-
МЗШВ: Исплатени се 105.002.614,00 денари кон 7.158 земјоделци
-
Пониски температури, дожд, град, грмежи - УХМР со предупредување за претстојниот викенд