Одложено рочиштето против мотоциклистот кој смртно прегази пешак во близина на Паркот на Франкофонијата

Основниот кривичен суд Скопје го одложи денешното судско рочиште на кое требаше да биде донесена пресудата против 25-годишниот скопјанец Ф.Љ. кој на 1 јули годинава, управувајќи мотор „Кавасаки“ без возачка дозвола на пешачка патека на кејот на Вардар, во близина на Паркот на Франкофонијата го прегази Југослав Николовски (68) и избега од местото.
Како што информираше Судот, рочиштето е одложено поради отсуство на обвинетиот, кој поради стомачен вирус, утринава, пред почетокот на судењето завршил на инфузија.
Обвинителството го товари лицето за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и за неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода.
Според обвинителниот акт, обвинетиот управувал мотор „Кавасаки“ по пешачка патека, иако немал возачка дозвола и возел спротивно на сообраќајните прописи. Иако брзината на моторот била 35 километри на час, таа се смета за небезбедна на локација која е наменета исклучиво за пешаци. Поради тоа, обвинетиот не успеал навреме да запре и удрил во пешакот Југослав Николовски, кој се здобил со тешки телесни повреди. Повреден бил и сопатникот на моторот.
Во обвинителниот акт се наведува дека наместо обвинетиот да укаже помош, тој го напуштил местото на несреќата, оставајќи го моторот зад себе. Пешакот бил пренесен на Ургентниот центар во Скопје, каде подоцна им подлегнал на повредите.
МИА
Ново на Сител
-

Одложено рочиштето против мотоциклистот кој смртно прегази пешак во близина на Паркот на Франкофонијата
-

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е во паника дека СДСМ ќе освои повеќе општини отколку тие во 2017
-

Димитриевски: Повеќе од јасно е дека Куманово сака да продолжам да го водам и натаму
-

ВМРО - ДПМНЕ: 10:1 е соодносот со СДС по освоени општини во првиот круг
-

Путин: Советниците на Трамп кои бараат санкции за нафтената индустрија на Русија работат против САД
-

Такаичи: Јапонија не се откажува од мировниот договор со Русија
-

Обединетите нации одбележуваат осум децении постоење
-

Фицо: Планот на ЕУ за конфискација на рускиот имот може да доживее фијаско
