-->
-->
Одложени две рочишта за „ТНТ“
-->
Денешното рочиште за случајот „ТНТ“ нема да се одржи поради здравствени пречки на надлежниот обвинител, соопшти Основен кривичен суд Скопје.
Одложено е и следното рочиште што беше закажано за 11 ноември, за што странките се веќе
известени.
Продолжението на главната расправа „ТНТ“ ќе биде закажано откако за тоа ќе бидат створени услови, информираат од Кривичниот суд.
Случајот „ТНТ“ се однесува за уривањето на комплексот „Космос“ на инвеститорот Фијат Цановски.
За делото се обвинети повеќе лица, меѓу кои и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и тогашниот градоначалник на Општина Гази Баба Тони Трајковски, додека во отсуство му се суди на екс премиерот Никола Груевски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Православните христијани го празнуваат Божиќ, денот на Христовото раѓање
-
Охрид исполнет со туристи за божиќните празници
-
Сиљановска и Мицкоски на иста линија - Законот за заштита на децата ќе се усогласи со Уставот
-
Скопје и денеска најзагаден град во светот, премиерот најавува конкретни мерки но потребни ќе бидат повеќе години
-
Преглед на вестите од светот
-
Teма на денот за традициите и чествувањето на Бадник
-
Православните христијани го чествуваат Бадник