Одложена седницата на собраниската комисија на која ќе се расправа за сомнежите за незаконско прислушување од АНБ

Одложена е Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање во врска со актуелните сомнежи за незаконско прислушување од Агенцијата за национална безбедност (АНБ), кое се вршело во периодот од 2019 до 2024 година. Од собраниските служби нема образложение за одложувањето на седницата.
Претседателот на Собранието, Африм Гаши за денеска во 11 часот ја имаше закажано седницата на Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање.
Како што информираа вчера од собраниската прес-служба, со седницата требаше да претседава пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска.
Ова следи откако пратеникот Љупчо Пренџов како член на собраниската Комисија за надзор на АНБ и АР јавно го повика претседателот на Комисијата Скендер Реџепи од Eвропскиот фронт да закаже итна седница по што претседателот на Комисијата Скендер Реџепи рече дека додека е претседател и дискриминиран нема да свика таков состанок.
-Целта е на седницата да се разгледаат загрижувачките сомнежи за незаконско постапување во АНБ, односно, да утврдиме точен датум за официјална посета во Агенцијата за национална безбедност преку која ќе извршиме директен увид во состојбите и темелно испитување на сите околности поврзани со овие настани, изјави Пренџов.
Овие случувања, според пратеникот, предизвикале силна вознемиреност во јавноста и, како што рече, ја поткопуваат демократијата и довербата во институциите задолжени за заштита на националната безбедност.
-Токму затоа, обврска на Комисијата е да делува одговорно и транспарентно, со цел да се обезбеди отчетност на институциите и заштита на нивниот интегритет и демократијата во државата, појасни Пренџов.
Реџепи потенцира дека тој не може да присуствува на таква седница бидејќи информациите се класифицирани, а тој нема одговор на барањето за безбедносен сертификат кое го побарал уште во ноември или декември минатата година.
-Која би била логиката, председателот на Комисијата да не може да присуствува на една таква Комисија или таков претрес во службите. Пред една година имам поднесено барање за безбедносен сертификат. Сметам дека тоа е дискриминација, истакна Реџепи.
Порача дека претседателот на Собранието има можност да свика седница на Комисијата.
МИА
Ново на Сител
-

Просечната оценка од полагањето на сите три типа матура е 3,66
-

Николоски: Почнуваме со реализација на третата секција од железничкиот Коридор 8
-

Десет години од поплавите во Стајковци, загинаа 22 лица, малата Елиф сѐ уште се води како исчезната
-

Потпишување договори за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир од Коридорот 8
-

50 казни во акциска контрола во Тетово: Одземен тротинет од дете кое превезувало друго дете
-

Артета: Понекогаш лош резултат може дури и да биде корисен
-

ФИФА ги призна грешките во подготовката на проектот ФФЕ и изрази поддршка за Инфантино
-

Трамп: САД имаат големи залихи муниција, трагаме по оние што оддаваат предавнички информации
