Одложен за утре увидот за пожарот во кумановскиот суд, денеска ќе дежура противпожарна стража
Противпожарна стража ќе има во текот на целиот ден пред кумановскиот суд, информираа денеска надлежните. Мирис на чад се уште се чувствува околу судот. Освен противпожарна екипа на терен се и претставници од МВР, од судот, обвинителство. Увидот е одложен, поради укажувањата на противпожарната единица, соопшти шефицата на кумановското обвинителство Теута Бедиу Рамадани во изјавата за МИА.
- Увидот е одложен поради укажувањата на командирот на ТППЕ Куманово кој ни објасни дека не е безбедно и дека ќе има пожарна стража до утре. Останува утре да се изврши увидот, доколку се обезбедат сите услови, изјави Бедиу Рамадани.
Покрај Рамадани, во увидот ќе учествува и дежурен обвинител од ОЈО Куманово, вишото обвинителство организирало да дојде и обвинител од Скопје за да се одбегне судир на интереси, бидејќи кумановското обвинителство е сместено во истата зграда. Ќе учествуваат и екипи од СВР Куманово, кримтехника, инспектор за пожари и вешто лице електроинженер. Како што соопшти, увидот ќе го врши таа, дежурен обвинител.
Екипа на територијална противпожарна единица Куманово, утрово во пет часот повторно интервенирала, иако пожарот беше изгаснат. Оттаму информираат дека 99 проценти од пожарот кој избувна вчера во 01:35 часот.
- Вчера завршивме околу 21.30 часот, останаа дежурни од полицијата до 05.30 имаше мал дим кој го ликвидиравме. Во пластовите книги кои се една врз друга не може да се види дали во долната архива има евентуален жар. Имајте предвид дека има архива од 1952 година, изјави заменик командирот на ТППЕ Куманово, Борис Станковски.
Претседателката на судот, Снежана Манев кажа дека основни проверки се направени. Покрај противпожарната единица во подрумските простории влегле и екипи на полицијата. Во моментов дим нема, но противпожарната единица не дозволува да се влезе.
- Се чека да се спроведе истрагата. Од она што го имаме како информација е дека увидот ќе почне утре и тогаш дефинитивно ќе може да преземеме мерки во средување, решавање на електрична енергија, сè што е неопходно, изјави Манев.
Таа дополни дека за итните предмети, преку Судскиот совет е овозможено кумановските судии да работат во Кривичниот суд Скопје.
Пожарот во кумановскиот суд избувна вчера во 01.35 часот, по што во текот на денот чадеше во неколку наврати. На терен беа ангажирани 15-тина пожарникари со неколку возила.
Ново на Сител
-
Пожар во депонијата „Дрисла“, Ангелов вели дека не е алармантен
-
„СИЛЈАН” во режија на Тамара Котевска е годинашниот македонски кандидат за „Оскар”
-
Повторно одложен судскиот процес за родилката од Дебар, одбраната на првообвинетиот бара изземање на судијата
-
Скопје ќе биде домаќин на Европски куп во џудо
-
Зеленски: Русите го бомбардираа селото Јарова во Доњецк, убивајќи над 20 цивили
-
Тројца од повредените пожарникари во пожарот во „Макпрогрес“ се пуштени дома, четвртиот испратен на дополнителни испитувања
-
Бронзени бисти одземени од Градските гробишта - Бутел
-
Полицијата го евакуира центарот на Братислава поради бомба од Втората светска војна