Одложен судскиот процес за обвинетите за тероризам во Црна Гора

Судскиот процес за обвинетите за тероризам во обид на денот на парламентарните избори во Црна Гора на 16 октомври минатата година, е одложен, откако адвокатот Мирое Јовановиќ побара да биде изземен главниот специјален обвинител Миливој Катниќ, како и неговите соработници од Специјалното обвинителство, во процесот што се води пред црногорскиот Врховен суд, јави Танјуг.
Минатиот месец, Судот ги потврди обвиненијата против 14 лица, обвинети за организирање обид за преврат, со цел попречување на пристапувањето на Црна Гора кон НАТО пактот.
За обид за тероризам се обвинети лидерите на Демократскиот фронт, Андрија Мандиќ и Милан Кнежевиќ. Освен нив, на обвинителниот акт на Специјалното државно обвинителство се и руските државјани Едвард Шишмаков, Владимир Попов, возачот на Мандиќ, Михаило Чаѓеновиќ и девет српски државјани, меѓу кои е и поранешниот шеф на српската Жандармерија, Братислав Дикиќ.
Кнежевиќ изјави дека процесот против него и неговиот колега Мандиќ е „политички монтиран процес".
Кабинетот на претседателката на Врховниот суд, Весна Меденица, изјави дека ќе се обезбеди транспарентност на постапката против обвинетите. Ваквата одлука претседателката на Врховниот суд на Црна Гора ја донела ценејќи ја неопходноста главните претреси во овој предмет да бидат следени со аудио-визуелно снимање во текот на целата постапка, а имајќи предвид дека кривично-правниот случај се однесува на настан за кој се води постапка против повеќе лица, со цел заштита на најважните општествени вредности, и тоа уставното уредување и безбедноста на Црна Гора и добрата, заштитени со меѓународното право, а кои го покрена највисокиот степен на интерес на јавноста.
Одлуката е донесена со почитување на принципот на правото на правично судење и гаранција за јавност на судските постапки.
Ново на Сител
-

Ниту еден сведок не дојде на денешното судење за пожарот во кочанската дискотека
-

Ректорите на сите државни универзитети дадоа поддршка за новиот закон за високо образование
-

Во Штип 503 ученици ќе полагаат матура според строги критериуми
-

Се решава проблемот со туристичките водичи
-

Преглед на вестите од светот
-

Инцидентот во синагогата е аларм за државата, службите треба да ги обезбедат сите витални објекти
-

Масакр во училиште во Турција, 14-годишен ученик усмрти соученици и наставник
-

Средба Муцунски-Прево: Билатералните прашања не треба да го блокираат процесот на проширување
