Одложен судскиот процес против Трамп за обид за изборна измама

Датумот на судењето за обид за изборна измама против поранешниот американски претседател Доналд Трамп и водечки кандидат на Републиканската партија за претседателските избори годинава е одложен. Судењето требаше да започне на 4 март, но поради нерешени правни прашања во случајот, тој датум е одложен. Се уште нема нов термин за почеток на судењето, јави ДПА.
Трамп е обвинет по вкупно четири точки. Против него беа поднесени 91 обвиненија.
Во судскиот процес, кој требаше да започне во Вашингтон на 4 март, 77-годишниот републиканец е обвинет дека се обидел да го поништи исходот од претседателските избори во 2020 година, кога Трамп загуби од неговиот демократски ривал Џо Бајден. Во тоа време, Трамп се обиде на неколку начини да ги поништи резултатите од гласањето. Неговата кампања против исходот на изборите потоа доведе до невиден напад на Капитол во Вашингтон на 6 јануари 2021 година.
Во случајот на Трамп се покренати четири обвиненија, меѓу кои и заговор против САД. Доколку биде прогласен за виновен, може да се соочи со повеќегодишна затворка казна.
Трамп ги отфрли обвинувањата и ги оцени како политички „лов на вештерки“ против него и обид да се спречи да се кандидира за реизбор.
Ново на Сител
-

Палау ја забрани употребата на креми за сончање со воведување такса од 100 долари по нејзина употреба
-

ЕУ одобри воведување санкции против Иран поради затворање на Ормуска Теснина
-

Муцунски од Шведска: Во фокусот на разговорите инвестициите во одбраната, Украина и Западен Балкан
-

Приведени пет возачи за безобѕирно управување возило, четворица, од кои двајца малолетници, возеле без дозвола
-

Достојно ќе биде одбележан споменот на Светите Кирил и Методиј во бигорскиот скит посветен на солунските браќа во село Битуше
-

ЕК ги поздрави усвоените изборни закони во Србија
-

Голоб: Парламентарните избори во Словенија се нелегитимни поради израелско мешање
-

Уапсен крадец во Гостивар за издржување на казна затвор од 16 месеци
