Македонија
12. April 2018 - 16:50

Одложен случајот „Титаник“ одбраната бара изземање на судиите

Одложено судењето за случајот на СЈО ТИТАНИК поради барањето од одбраната за изземање на судиите од предметот. Одлуката  по овој приговор ќе ја носи Апелација. Адвокатите на обвинетите побараа иззеемање на сите судии кои треба да одлучуваат, на претседателот на Кривичен и двајца судии од Апелација поради изјавата на Катица Јанева дека СЈО поседува прислушувани разговори на судии.

На денешното рочиште присуствуваа сите обвинети во случајот кои СЈО ги гони за изборни нерегулатрности а кои се сегашни и поранешни функционери од ВМРО ДПМНЕ. Претходно одбраната побара изземање и на судии во случаите ТЕНК И ТНТ , а според адвокатите СЈО се уште нема одговорено на нивното прашање за кои судии Јанева поседува прислушувани разговори.  Рочиштето за ТИТАНИК е закажано за 26 април.