-->
-->
Одлични вести за Филип Божиновски
-->

Филип Божиновски кој ги освои срцата на сите од регионот, ќе ја сними првата песна, по натпреварот на Гранд. Значи, соработката со Гранд продолжува, па затоа Филип ќе биде често на релација Скопје – Белград. Но бидејќи до стартот на ангажманот околу новите работни обврски му останува уште малку, Филип слободното време ќе го искористи за летен одмор.
- По завршувањето на шоуто малку одморам. Во моментов сум во Грција со друштво и со мојата девојка. Штом ќе се вратам во Скопје почнувам со обврските и настапите кои ме очекуваат. Со Гранд продукција потпишав деветгодишен договор и со нив ќе имам соработка, а и се очекува песна кон крајот на август. Покрај српската верзија на песната ќе снимам и македонска”, вели Филип за Вечер.
Тој откри и дека му годи славата.
- “Луѓето ме препознаваат на улица и доаѓаат да се фотографираат со мене, што ми претставува големо задоволство. Прво малку ми беше чудно и ново, но полека се навикнувам на тоа”, додава пејачот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Натпреварите во Серија А одложени поради смртта на папата Франциск ќе се одржат на 23 април
-
Ленард со 39 поени ги предводеше Клиперс до победата над Денвер
-
На „Табановце“ и „Богородица“ се чека еден час за влез во државата
-
Кардиналите ќе разговараат за погребот на папата
-
Бела куќа: Трамп стои зад министерот за одбрана по протекувањето информации од Пентагон
-
Рејтингот на Трамп најнизок откако по вторпат стана претседател
-
Без струја делови од општините Ѓорче Петров, Карпош и Сопиште
-
Дебата во Собранието за придобивките од Реформската агенда 2024 - 2027