Одлични оцени за Алиоски за настапот со Лидс
Македонскиот интернационалец Езгиан Алиоски повторно одигра добар меч во Чемпионшип во победата на неговиот тим Лидс на гостувањето кај Сандерленд од 2-0
Со овој триумф, Лидс стигна до осум бода по четири меча (две победи и две реми) и е на петото место на табелата.
Алиоски беше главен на теренот, а тоа се покажува и по добиените оценки на играчите, по завршување на средбата. Македонскиот репрезентативец доби највисока оценка. За играта, Алиоски беше оценет со осмица од највисока можна оценка 10 . Ниту еден друг играч немаше повисока оценка.
Иако дојде пред помалку од еден месец, тој многу брзо се наметна како еден од лидерите на теренот. Против Сандерленд, Џани беше асистент на првиот меч, а директно учествуваше и во акцијата за вториот погодок на гостите.
И во англиските медиуми, а и кај навивачите, постојат само позитивни реакции за играта на Алиоски во дресот на Лидс. Констатацијата на сите е дека тој е вистинско засилување на клубот, кој ќе се бори за влез во Премиерлигата.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Трајановски, потпретседател на СДСМ
-

Марш на ангелите во Кочани
-

31 конгрес на СДСМ
-

Судии и обвинители пријавени за државен јавен обвинител, огласот истекува во понеделник
-

Последни проверки за „Безбеден град“
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ против безбедноста
-

Се подготвува извештајот кој треба да биде доставен до УНЕСКО
-

Протест за чист воздух во Струмица
