Одѕивот до 10 часот во Струга 2,63, во Ресен и Вевчани повеќе од 5,5 проценти
До 10.00 часот излезноста во Општина Струга е 2,63 отсто, а во Преспа и Вевчани повеќе од пет и пол проценти, информираат претседателите на Општинските изборни комисии.
Според Бледар Зиба, претседател на ОИК Струга во оваа општина своето гласачко право го оствариле 1.589 лица од регистрирани 60.459 гласачи на 101 избирачко место.
Во Општина Ресен, како што истакна претседателот на ОИК Кирил Тански, до 10.00 часот своето гласачко право на вториот круг од претседателските избори го оствариле 947 гласачи од 16.649 или 5,7 проценти.
– На трите избирачки места во Вевчани одѕивот бил 5,51 отсто или своето гласачко право го оствариле 113 лица од 2.048 регистрирани гласачи, истакна претседателката на ОИК Параскева Кукоска.
Изборниот процес, според претседателите на Општинските изборни комисии, во трите општини тече мирно и во најдобар ред.
Ново на Сител
-
Трипуновски: Се ажурира базата на податоци на педолошката карта за засејување земјоделски култури
-
Ништо ново за патот на Македонија кон ЕУ нема да донесе посетата на Калас во Скопје
-
Тема на денот со Цветан Трипуновски, министер за земјоделство
-
Екс директорот на Онкологија Нино Васев обвинет за сериозни кривични дела
-
За пожарот во Кочани досега сослушани 300 сведоци
-
13 лица осомничени за незаконско издавање дозволи за привремен престој на странци
-
Славески ќе се избира за гувернер на 3 јуни
-
Потпишан договорот за стратешко партнерство