Спорт плус
4. October 2018 - 23:25

Одбојкарката Софија Ричлиева потпиша за Бешикташ

Одбојкарката Софија Ричлиева (18), член на македонската репрезентација, потпиша за турскиот гигант Бешикташ.

Таа игра на позицијата техничар. Досега има настапувано за Македонија Макс, Волеј, Рим Италија, Орду и Бујукчекмече во Турција.

Оваа сезона турскиот одбојкарск гигант ќе ги игра на три фронта-во домашното првенство, купот и Челинџ купот.

Екипата на Бешикташ минатата сезона заврши на петтото место во најсилната женска одбојкарска лига на светот.