-->
-->
Oдбојкарите драстично ослабени патуваат за Варна
-->
Македонската одбојкарска репрезентација вечерва во 22ч со автобус заминува за Варна, Бугарија каде заедно со домашната селекција , Данска и Албанија ќе се бори за првите две места во групата кои значат влез на завршниот фајнал-фор од Европската лига.
Нашата селекција го брани бронзениот медал од минатата година но селекторот Жарко Ристовски на денешната прес-конференција истакна дека бројните повреди и откажувања ја фрлаат нашата селекција во аутсајдерска улога:
- Имаме многу проблеми но состојбата драстично се менува со откажувањето на Јовица Симовски со што се „руши“ нашиот систем на игра со два коректори кој и ни го донесе ланскиот успех. Сега сме принудени да менуваме и ќе играме со еден коректор што е ризичен потег особено што немавме ниту една контролна средба за да го провериме функционирањето со младите играчи кои ги покрија местата на 6-те вкупно одбојкари од лани кои заминаа од националниот тим. Се надевам дека ќе успееме со принудните рокади да одиграме на потребното ниво и да оствариме успешни резултати пред вториот турнир во Скопје (16-18 јуни)-изјави на прес конференцијата селекторот Ристовски.
Капитенот Никола Ѓорѓиев изрази големо жалење поради откажувањето на Симовски ( поради семејни причини):
-Во Македонија нема замена за Симовски но верувам дека ќе имаме сили да одиграме на потребното ниво. Убеден сум дека имаме квалитет за две победи и за мене лично единствен успех од овие квалификации е пласманот на завршниот фајнал-фор-изјави Ѓорѓиев.
На прес конференцијата беше и Симовски кој изјави дека жали што не патува во Варна но тоа не значи и дека се повлекува од репрезентацијата и најави настап во квалификациите за следното ЕП.
Македонија во петок го игра првиот меч со Албанија потоа во сабота игра со Данска и в недела со домаќинот Бугарија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Сообраќајка меѓу три возила на експресниот пат Кочани-Штип
-

Пленковиќ ги отфрла обвинувањата за кршење на Уставот
-

646 казни на првиот ден од „Безбеден град“
-

Милановиќ: Владата ја киднапира земјата и бескрупулозно предизвикува поделби, Пленковиќ е најодговорен
-

Во Краљево приведен Македонец осомничен за пет грабежи
-

Сиљановска-Давкова на Светскиот самит на лауреати: Во науката нема мали и големи држави, туку само мали и големи идеи
-

Судење за пожарот во „Пулс“: Пирoтехника се користела и претходно, имало и контроли, но забавата не била прекинувана
-

Се расчистува поголем одрон од карпа на патот Градско-Велес наспрема ХИВ
