Балкан
17. January 2017 - 15:32

Одблокирано отворањето на Поглавје 26 за Србија

Хрватска и Бугарија дадоа денеска официјално „зелено светло“ за отворање на поглавјето 26 во преговорите со Србија, јави Танјуг

Претставници на Хрватска и Бугарија во работна група во Советот на ЕУ што се занимава со прашња за проширување и со држави кандидати, денеска и официјално поддржаа отворање на ново поглавје во преговорите со Србија.

Тоа поглавје се однесува на образование и култура.

Хрватска во крајот на минатата година блокираше отворање на тоа поглавје поради резервираност во поглед на правата на хрватското малцинство кога станува збор за образование на мајчин јазик во Србија.