Одбиено барањето на Обвинителство за замена во ефективен притвор за осомничен во предметот „Нелегална набавка на софтвер“
Судија на претходна постапка, а потоа и Кривичниот Совет, донесе решение со кое го одби како неосновано барањето на обвинителот за замена на мерката куќен притвор со мерка ефективен притвор на осомничениот Д.Р. во врска со предметот за „Нелегална набавка на софтвер“, соопшти Основниот кривичен суд Скопје.
-Во недостиг на официјални информации од надлежното јавно обвинителство во врска со предметот за “Нелегална набавка на софтвер„ и опредлените мерки за обезбедување присусутво за осомничениот Д.Р., а во правец на продолжување на неспорната транспарентности и отчетност која Кривичниот суд изминатиот период ја манифестира, ја известуваме јавноста дека: мерката за обезбедување присуство – Куќен притвор за осомничениот Д.Р. продолжена со решение на Кривичниот суд, а потврдeна од Апелациониот суд, опстојува БЕЗ дополнителна мерка за претпазливост – Забрана за комуникација со лица опфатени со кривично правниот настан или Забрана за употреба на средства за комуникација. Предлогот на Јавниот обвинител за замена на мерката куќен притвор во ефективен притвор е поднесен заради непочитување на конкретната мерка за претпазливост кој во критичниот период воопшто НЕ опстојува. Имајќи ги предвид овие околности, најпрвин судија на претходна постапка, а потоа и Кривичниот Совет, водејќи се исклучиво од Законските одредби без да навлегува во ценење на сомневањето на обвинителот дали навистина е прекршена мерка која впрочем воопшто не е определна, донесе решение со кое барањето на обвинителот го одби како неосновано, стои во соопштението.
Со оглед да со донесеното решение Кривичниот совет го одби предлогот на Јавниот обвинител, а воедно не го укина односно не ја ни преиспитуваше можност за укинување на мерката – куќен притвор, судот согласно досегашната пракса, заинтересираните медиуми ги извести за донесената одлука на судот, а за причините поради кои Јавниот обвинител барал построга мерка ги упати да се обратат токму кај надлежниот обвинител, наведуваат во соопштението од Кривичниот суд.
Ново на Сител
-

Вучиќ: Специјалниот суд за Косово сакаше да го зачува кредибилитетот на ОВК
-

Централно-левичарска опозиција победи на изборите во Шведска
-

Русија бара меѓународен договор за забрана на офанзивно оружје во вселената
-

ЦУК: Активни два пожари на отворен простор, осум изгаснати во текот на денот
-

Курти: Пресудата за водачите на ОВК е неприфатлива неправда
-

Мицкоски во Вашингтон на средба со конгресмените Клаудиа Тени и Кит Селф, разговарано за значењето на стратешкото партнерство со САД
-

Македонските одбојкари со триумф над Израел
-

Се предлага зголемување на помошта за новороденчиња: 18.450 денари за прво, 36.900 за второ и 52.275 денари за трето дете
