-->
-->
Одбиени сите тужби од Управниот суд
-->

Судиите во Управниот суд ги одбија и последните четири тужби од партиите и коалициите во врска со изборниот процес. Како неосновани беа оценети две од ВМРО-ДПМНЕ и коалцијата “Обнова за Македонија” и по една од партијата “Демократи” и Коалицијата “Никогаш северна само Македонија”.
Овие четири тужби беа дел од вкупно 185, по кои во изминативе три дена расправаше Управниот суд на повеќе одделни седници.
Со ова завршува правната битка на политичките субјекти кои беа незадоволни од сумирањето на изборните гласови и се потврдуваат решенијата од Државната изборна комисија, која сега има отворен пат за објавување на конечните официјални резултати од предвремените парламентарни избори.
Горан Симоновски
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Со донација е обезбедена терапија за пациенти со хемофилија
-

„Нешто што ќе остане по четвртипат“ – 50 години Центар ги славиме со најдоброто од македонската музика
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Mаѓар не мислеше на Mакедонија
-

Нови комунални возила
-

Избран изведувач за затворање на депонијата Буково
-

Пожарот во лакавичко изгаснат, но остануваат последиците
-

Преглед на вестите од светот
