Македонија
23. July 2020 - 17:19

Одбиени сите тужби од Левица

Одбиени се сите 101 тужба од Левица, кои политичката партија ги достави до Управниот суд. По нив расправаше судечкиот совет на повеќе одвоени седници, а тужбите се одбиени како неосновани. Левица се жалеше на изборни нерегуларности и дека им се украдени три пратеника на предвремените парламентарни избори кои беа одржани на 15 јули.

Судиите денеска ги разгледуваа и тужбите пристигнати од СДУ и од Демократи и тие се исто така одбиени. Се очекува до крајот на денот да се донесе одлука и по две тужби од МОРО – Работничка партија.

Тужби имаат поднесено и ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова на Македонија“ – две и Единствена Македонија и Коалицијата „Никогаш Северна само Македонија” – една, за кои Управниот суд закажи јавни седници за утре.

Претходно денеска од Управниот суд информираа дека тужбите поднесени од Интерга, Алијанса за Албанците и Алтернатива и едно физичко лице, се одбиваат како неосновани и се потврдуваат решенијата на Државната изборна комисија.

 
Горан Симоновски