-->
-->
Одбиена жалбата на руските атлетичари, останува суспензијата за Олимпијадата во Рио
-->
Руските атлетичари, како тркачите, така и оние во техничките дисциплини, и официјално, нема да учествуваат на претстојните Олимписките игри во Рио де Жанеиро, откако Апелациониот суд во спортот ја отфрли жалбата на Рускиот олимписки комитет и на 68 натпреварувачи, определени за настап на Игрите.
Руската атлетска федерација претходно беше исклучена од сите меѓународни натпреварувања, како и од членството во Меѓународната атлетска федерација (ИААФ), по обвинувањето на Светската антидопинг комисија дека во Русија постои системско допингување на спортистите, спонзорирано од државата.
Москва ги отфрла ваквите обвинвања како политизирани и исконструирани, но Апелациониот суд ја потврди веќе донесената казна.
Во посебна постапка, Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) ја испитува можноста за исклучување на сите руски спортисти од претстојната Олимпијада, по добиените резултати од втората анти допинг истрага против Русија, за која се вели дека одново потврдила оти постои државно спонзорирање за давање стимулативни средства на спортистите.
Според лондонските медиуми, целата постапка околу аферата со допингот на руските спортисти, започнала по откритијата на инсајдер во рускиот спорт и во антидопинг комисијата во Русија, за кого се вели дека во меѓувреме пребегнал во САД.
Атлетската федерација ја поздрави одлуката на Апелационит суд, додека претседателот на ИААФ, Британецот Себастијан Коу, поранешен олимписки и светски шампион, изјави дека денешниот ден не е ден за радување.
-Не влегов во оваа работа, во атлетиката, за да им попречувам на атлетичари да се натпреваруваат, изјави Коу во Лондон.
Тој рече дека ИААФ ќе продолжи да соработува со Русија, за обнова на здравите состојби во тамошната атлетика
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Законот за високо образование ќе претрпи големи промени, најави министерката за образование Јаневска
-
МЖСПП: Милион евра грант од Шпанија за Охридското Езеро
-
Платформата на “СКОПСКО” продолжува со својата мисија за заштита на нашите природни богатства
-
Помалку превезени патници во патниот превоз во последниот квартал од 2024 година
-
Поевтинува Мазутот, цената на бензините останува иста
-
На Санторини смирена ситуацијата со земјотресите, Мицотакис порачува дека Грција е безбедна земја
-
Поранешниот потпретседател Пенс контра Трамп: Господине претседателе, не ја зборувате вистината за Украина
-
Македонските млади фудбалери им се реваншираа на врсниците од БиХ