Одбиена жалбата на Форест на казната за критикување на ВАР судии
Независната Комисија за жалби ја отфрли жалбата на премиерлигашот Нотингем Форест за казната од 750.000 фунти која му беше изречена на клубот поради критиките објавени на социјалните мрежи за работата на ВАР судиите минатата сезона, објави денеска Англиската фудбалска асоцијација (ФА).
Раководството на Форест реагираше откако за време на натпреварот одигран во април минатата година, на кој беа поразени од Евертон (2-0), беа одбиени трите барања да биде досуден пенал. Неколку минути по завршувањето на натпреварот, клубот на социјалната мрежа Икс објави дека ВАР судијата Стјуарт Атвел бил поддржувач на Лутон, клуб со кој Нотингем тогаш беше во директна борба за опстанок во Премиер лигата.
Иако Форест негираше дека објавите имплицирале пристрасност или го доведуваат во прашање интегритетот на официјалните лица на споменатиот натпревар, независната комисија ги казни и им издаде предупредување за недолично однесување во октомври.
Форест ја обжали одлуката, нарекувајќи ја казната „несразмерна“.
„Комитетот за жалби ја отфрли жалбата на Нотингем Форест во врска со одговорноста и казната, а, исто така, му нареди на клубот да ги отстрани објавите на социјалните мрежи, се вели во соопштението на ФА.
Ново на Сител
-
Скопје домаќин на форум за енергетската транзиција на Западен Балкан - МЕФ25
-
Почнува Петровденскиот (Апостолски) пост
-
Трамп се надева дека Израел и Иран ќе постигнат договор
-
Иран нема да преговара за прекин на огнот со Израел додека траат израелските напади
-
Сончево и топло со мала локална облачност
-
Барселона испратила барање до ФИФА да ѝ дозволи да учествува на Светското клупско првенство
-
Трамп отворен за идејата Путин да посредува меѓу Изрел и Иран
-
Трамп: Наскоро ќе има мир меѓу Израел и Иран