Балкан
17. November 2016 - 13:51

Одбиен предлогот за преименување на загрепскиот плоштад „Маршал Тито“

Градското собрание на Загреб денеска го одби предлогот на претседателот на Собранието, Андрија Микулчиќ и на неговата Хрватска демократска заедница (ХДЗ) за промена на името на загрепскиот плоштад „Маршал Тито“.

ХДЗ предлагаше да се врати старото име „Театарски плоштад“, јави националната Хрватска радио телевизија (ХРТ).

Прашање околу преименувањето на плоштадот „Маршал Тито“ е максимално исполитизирано во Хрватска и предизвикува сериозна поделеност во општеството.