Одбележување на Велигден низ светот
Милиони православни христијани денеска го слават Велигден. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови ширум светот, а денеска се оддржуваат пладневни литургии. Сепак празникот падна во сенка на војната во Украина, каде праволсавните верници славеа скромно и под посебни безбедносни мерки.
Патријархот московски Кирил на велигденската служба порача дека Русија треба повторно да се обедини, повика на мир и враќање на братската љубов мегу Русите и Украинците. На литургијата присуствуваше и рускиот претседател Путин.
Српскиот поглавар Порфирије упати порака за разбирање и почитување со косовските Албанци, но и дека отуѓувањето на Косово од српската држава е неприфатливо.
Православните цркви во Русија, Украина, Србија, Бугарија, Црна Гора, Грузија, Грција, Романија го слават големиот празник според јулијанскиот календар.
-
Сања Сеизова Мрмова
Сите содржини од овој новинар
