Одбележување на Светскиот ден на згрижувачите
Црвениот крст на град Скопје денеска на платото пред Спомен куќата на Мајка Тереза со хепенинг и дружење со децата, згрижувачите и волонтерите на Црвен крст на град Скопје, ќе го одбележи 1 јуни, Светски ден на згрижувачите.
Ќе бидат поставени тенди на кои ќе се осмисли програма со аниматор во кои интерактивно ќе се вклучат и децата, а ќе се забавуваат и со изведувачи на детски песнички. Идејата е самите згрижувачи на настанот да проговорат, да го споделат личното искуство и да ги поттикнат останатите граѓани да ја прифатат оваа форма. Исто така ќе се реализира и ликовна работилница со ликовен уметник и педагог.
Црвениот крст на град Скопје во соработка со Министерство за труд и социјална политика, ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа – Скопје имплементира годишна програма за социјализација на деца и млади со посебни потреби и деца сместени во згрижувачки семејства со цел подобри услови за живот на децата сместени во згрижувачки семејства.
Ново на Сител
-
СДСМ: Матни зделки во енергетиката, зошто ВМРО-ДПМНЕ молчи дали Алказар има одобрение за градба?
-
Дождовите помогнаа, пожарите под контрола
-
Преглед на вестите од светот
-
Поставување камен темелник на нова спортска сала во Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“
-
Охридско лето денес слави 65 години роденден
-
Зголемен интересот кај штипјани за имунизација со ХПВ вакцина
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Кирил Михаилов, заменик директор во Национални шуми