Одбележување на Светскиот ден на семејниот лекар
Во организација на Здружението на лекари по општа и семејна медицина на Македонија, а во соработка со Асоцијацијата за хипертензија на Македонија, денеска на платото пред Спомен куќата на Мајка Тереза ќе биде одбележан Светскиот ден на семејниот лекар.
Под мотото „Дали го знаеш твојот број?“ ќе се врши бесплатно мерење на крвниот пристисок со делење совети и брошури од страна на стручни лица.
- Семејната медицина е најдобриот начин да се подобри здравјето на поединецот, семејството и заедницата. Постојат многу докази дека здравствените системи базирани на јака примарна заштита, што вклучува силна семејна медицина, се најефикасни, праведни и трошоците се најмали. Секое семејство треба да има семеен лекар на кој му верува секој член од семејството за здравствена грижа и совет, велат од Здружението.
Светскит ден на семејниот лекар - 19 мај, првпат објавен во 2010 година од страна на Светското здружение на семејните лекари, стана ден кој ја истакнува улогата и придонесот на семејните лекари во здравствените системи во целиот свет.
Во рамки на овој настан ќе се одбележи и Светскиот ден на хипертензија - 17 мај, со поддршка и на Светската здравствена организација и Министерството за здравство на Република Македонија.
Ново на Сител
-
Али: Локализиран пожарот над Лојане, селото целосно заштитено
-
Влеговме во Гинис и направивме реално шоу како се гради стартап | Сања Митровска | Sitel Podcast 109
-
На „Табановце се чека околу 40 минути за излез од државата
-
Поради пожарот во „Јасен“, затворен регионалниот пат Македонски Брод - Скопје
-
Полицијата ја спаси жената што се фрли во водите на реката Вардар
-
Коенигсег Џеско го победи Римак и си го врати рекордот за брзина за хиперавтомобили
-
Светот беше на чекор до победа над детската парализа, сега се заканува нејзино враќање
-
Германскиот канцелар Мерц ги поздрави напорите на Трамп за крај на војната во Украина