-->
-->
Одбележување на светскиот Ден на извидници
-->
Сојузот на извидници на Македонија со повеќе активности и работилници денеска ќе го одбележи светскиот Ден на извидници - 22 февруари.
Настанот ќе започне на плоштадот Македонија во 10 часот, каде по краткото свечено отварање ќе се продолжи сo искачување кон Средно Водно каде ќе бидат организирани централните извиднички активности и работилници.
За време на настанот, како што информираат организаторите, предвидена е и посета на врвот на Водно каде ќе се продолжи со програмата.
Сојузот на извидници на Македонија ги поканува сите извидници, пријатели на извидниците и граѓани кои сакаат да научат повеќе за извидниците и извидничките активности да присуствуваат на заедничко дружење.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се очекува во Појасот Газа да влезат два камиона со вкупно 107 тони дизел
-
Израел останува закана за Иран, вели командантот на иранските вооружени сили Хатами
-
Словенечкиот тим од 61 пожарникар заминува од земјава, утре чешкиот „Блек Хок“
-
Тешко повреден мотоциклист во кавадаречко
-
Претреси во Кавадарци и Неготино, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица
-
Нападнати полицајци и затекнати малолетници со алкохол при контрола на Градскиот базен во Виница
-
Активен пожарот кај селото Стровија во општина Долнени
-
За пет години кириите во Европа пораснаа за 12,5 отсто