Одбележување на Меѓународниот ден на лицата со инвалидност
Во организација на Националниот совет на инвалидските организации на Македонија денеска во Скопје ќе биде одбележан 3 декември - Меѓународниот ден на лицата со инвалидност.
Во рамки на одбележувањето ќе се одржи трибина на тема „Инклузијата е важна: Пристап и зајакнување на сите способности на секое лице со инвалидност“.
Најавено е обраќање на министерот за труд и социјална политика Фросина Ташевска - Ременски и на претседателот на НСИОМ, Чедомир Трајковски.
Во организација на одбележувањето на Меѓународниот ден на лицата со инвалидност се вклучени и Националниот сојуз на слепи на РМ, Национален сојуз на глуви и наглуви на РМ, Национален сојуз на лицата со телесен инвалидитет на Македонија - Мобилност Македонија, Републички центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост - Порака, Национален сојуз на цивилни инвалиди од војната на Македонија, Национална федерација за спорт и рекреација на инвалидите - Македонски параолимписки комитет и Национален сојуз на инвалиди на трудот на РМ.
Ново на Сител
-
МВР: Кривична пријава против поранешен градоначалник на скопска општина
-
Што и како помага психотерапијата | Елена Џебр | Личен развој | Sitel Podcast 031
-
Повреден малолетник, истепан со дрвени и метални предмети од други малолетници
-
Кривична против тројца скопјани за „убиство во обид“ и „соизвршителство“
-
54-годишна скопјанка пронајдена почината
-
ДИК не го прифати приговорот за гласањето во Липково
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија