Одбележување на Денот на воздухопловната бригада

Во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец денеска ќе се одржи свеченост по повод Денот на воздухопловната бригада.
На прославата најавено е присуство на министерката за одбрана Радмила Шекеринска, началникот на ГШ на АРМ, генерал - потполковник Методија Величковски, како и на претставници од Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ.
Во рамки на одбележувањето ќе бидат соопштени наредби за унапредување и стекнување на звањето пилот, како и стимулативни мерки за остварени резултати во работата.
Присутните ќе имаат можност да ја проследат и изложбата на воздухопловите и материјално-техничките средства со кои располага воздухопловната бригада.
Постоењето на воздухопловната бригада се темели врз одлуката на Претседателот на Република Македонија од 10 април 1992 година со која е формирана командата на воено воздухопловство и противвоздушната одбрана на АРМ. Во 2005 година воздухопловната брогада се трансформираше во помала единица наречена воздухопловен ВИНГ која фигурира до 2012 година кога повторно се формира воздухопловна бригада во состав на Здружената Оперативна Команда.
Ново на Сител
-

Во сила стапи договорот за трговија со услуги и инвестиции меѓу ОАЕ и Русија
-

Зголемен интензитет на сообраќајот, чекање до 40 минути на Табановце
-

ЦУК: 31 пожар на отворен простор во изминатото деноноќие, осум активни
-

Сончево и многу топло време, попладне услови за пороен дожд и невреме
-

Големиот пожар кај Струмица е ставен под контрола
-

Сиљановска-Давкова ги додели наградите на победниците на 39. Охридски пливачки маратон
-

Ангелов: Ова е еден од најтешките денови, активни се над 15 пожари на отворен простор
-

Во гаснењето на пожарот кај Струмица се вклучи и еден ер трактор
