Одбележување на Денот на Општина Дебрца

Пред Спомен домот на Главниот шаб на НОВ и ПО на Македонија во Црвена Вода општина Дебрца, денеска ќе се одржи народен собир по повод Денот на општината 3 Октомври, на кој ќе се обрати претседателот на Република Македонија и врховен командант на Армијата Стево Пендаровски.
Во Црвена Вода, англиската воена мисија при Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија, со мајорот Џон Квеин, била сместена во училишната зграда, сега – Спомен дом. Во училишната зграда била сместена и печатницата „Гоце Делчев”, радиостаница, Главниот штаб и делови од ЦК на КПМ.
На собирот, покрај врховниот командант, ќе се обратат и градоначалникот на Општина Дебрца Зоран Ногачески и претседателите на Сојуз на борци и Организацијата на ветераните од одбраната и безбедноста – за општините Охрид и Дебрца.
Ново на Сител
-

Денеска е Цветници - Влегување на Исус Христос во Ерусалим
-

Трамп вели дека го спасиле вториот пилот на соборениот Ф-15 над Иран
-

Николоски, Ѓорѓиевски и Ивановски на увид во реализацијата на проектот „Градски воз“
-

Две трки денеска во Скопје – изменет сообраќај на повеќе локации
-

Римокатолиците го слават Велигден
-

Сончево и топло до 22 степена
-

Две лица приведени и запленети 65 килограми марихуана кај Градско
-

Зголемена дневна фрекфренција од албански граѓани на ГП „Ќафасан" за набавка на нафта и храна во Македонија
