Одбележување 40 години „Бушава азбука“
Во чест на 40 години од првото емитување на култната детска серија „Бушава азбука“, денеска во Дебар Маало ќе биде откриен мурал посветен на овој симбол на македонската детска култура. Со овој настан започнува прославата на јубилејот и најавата на нови содржини за најмладите, најавуваат од организаторите.
-Tоа е повеќе од емисија, тоа е некое културно наследство и тоа може да се обновува и да се појавува повторно и повторно. И, практично, луѓето го паметат таа генерација што као деца гледале, сега пораснаа, сега станаа родители и гледаат некои можности во тоа да ги образуваат или да ги забавуваат своите деца. Јас со Бушава азбука остарев практически, 40 години, тоа е озбилна старост за нешто на телевизија и не е така свежа и не е така модерна како што беше кога се појави, вели Слободан Унковски, режисерот на „Бушава азбука“.
На настанот ќе се одржи и премиера на шпицата за новата анимирана серија „Буквождер“, кое е анимираното продолжение на „Бушава азбука“. За новата анимирана серија режисерот Унковски вели дека е премагнување од еден мост, меѓу тоа што било и тоа што треба да биде и дека е практично еден друг аспект на буквите и на употребата на јазикот.
-Се радувам дека се појавува. Меѓутоа, мислам дека правото продложување на „Бушава азбука“ ќе биде кога ќе се направи „Бушав буквар“, вториот дел, што е веќе напишан од Горан Стефановски и од Маријан Алчевски. И очекувам еден ден да се развие една свест дека е тоа неопходно за да си го сочуваме јазикот и да го унапредиме, порачува Унковски.
Преку прославата, организаторите потсетуваат на важноста од негување, чување и унапредување на мајчиниот јазик, како и создавање квалитетна образовно-забавна програма за новите генерации.
МИА
Ново на Сител
-
Приведен 37-годишник од Арачиново, возел со 91 километри на час на место каде е дозволено 40
-
Почна увидот во опожарената фабрика „Макпрогрес“ Виница
-
Пожарот кај Никуштак активен, во гаснењето вклучени два „ер трактора“
-
Приведени две лица, при претрес на нивниот дом пронајдена е дрога | ФОТО
-
Мицкоски: Одговорност мора да има за прислушкувањето
-
По пошта од Канада во Грција им стигнале 62 килограми канабис – уапсени две лица
-
Милевски: Главна цел ни беше да останеме на првото место
-
Орбан: Украина ќе биде поделена меѓу Русија и Западот, но нејзиниот колапс не е во интерес на Унгарија