Одбележување 18 години од хеликоптерската несреќа во Катлановско Блаце

Во Катлановско Блаце денеска ќе се одбележи осумнаесетгодишнината од хеликоптерската несреќа во која загинаа единаесет припадници од составот на воздухопловниот ВИНГ, кои се враќаа од мировната мисија АЛТЕА во Босна и Херцеговина.
По тој повод делегација од Министерство за одбрана и Генералштабот на Армијата, составена од министерот за одбрана, Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, ќе положат цвеќе на спомен-обележјето во Катлановско Блаце.
Припадници на воздухопловниот ВИНГ претходно ќе положат цвеќе и на спомен-обележјето пред командата во касарната „НХ Страшо Пинџур“ во Петровец.
Во хеликоптерската несреќа, пред осумнаесет години, враќајќи се од мировната мисија АЛТЕА трагично ги изгубија животите потполковник Тони Спасовски, мајор Горан Ристовски, капетаните Бране Спасовски и Игор Ѓорески, наредниците Славчо Василев и Тони Давитковски, постарите водници Јанко Шириќ и Александар Тасковски, водниците Мики Ивановски и Александар Васиќ и десетарот Златко Вељаноски.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски: Пораките на Рубио се јасен сигнал за сите сојузници, како Влада, продолжуваме да го зајакнуваме нашето место во трансатлантската заедница
-

ССМ: Работниците се двојно попродуктивни од она што го добиваат преку платите
-

52-годишен скопјанец ја претепал партнерката која била во вториот месец од бременоста
-

При претрес во Кавадарци и Велес пронајдена дрога уапсени три лица
-

Ден на жалост во Сараево по трагичната трамвајска несреќа
-

Николоски од Неготино посака добар род и вети континуирана поддршка од Владата
-

Трагедија во Србија: Загина поранешна тенисерка во тешка сообраќајка
-

Претрес во Гостивар, пронајдени дрога, оружје и муниција, приведени четири лица
