-->
-->
Одбележани 9 години од смртта на претседателот Глигоров
-->
Делегација на Кабинетот на Претседателот на Република Македонија денеска положи цвеќе на гробот на поранешниот претседател Киро Глигоров, во Алејата на великаните на Градските гробишта Бутел во Скопје.
Делегацијата која му оддаде почит на поранешниот претседател беше во состав: Миле Бошњаковски, генерален секретар и полковник Билјана Блажеска, аѓутант на претседателот.
Киро Глигоров беше првиот претседател на независна Република Македонија.
За изградбата на самостојна Македонија даде личен печат со спроведување на референдумот за независност, донесување на новиот Устав, битката за демократска преобразба и внатрешна консолидација на земјата и нејзина меѓународна афирмација.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Отворена истрага за 34 осомничени, Обвинителството бара притвор за сите
-
Тема на денот со Миодраг Лабовиќ, професор на Факултетот за Безбедност
-
Голем пожар во Струмица
-
Отворена истрага за 34 осомничени, Обвинителството бара притвор за сите
-
Тошковски: Заврши првата фаза од постапувањето за пожарот во „Пулс“
-
Намален бројот на повредени хоспитализирани во земјата и странство нема транспорт на повредени надвор од државата
-
Итна и првична помош од 2.500 евра за сите засегнати од пожарот
-
Обдукцијата покажа дека 59-те лица починале од задушување со јаглероден моноксид во дискотеката во Кочани