-->
-->
Одбележани 76 години од убиството на Страшо Пинџур
-->
Седумдесет и шест години од убиството на Страшо Пинџур се навршуваат денеска и за таа цел бројни делегации положија цвеќе на спомен-бистата пред неговата спомен-куќа во кавадаречкото село Ваташа.
– Роден бил на 5 март 1915 година во Струмица, каде неговиот татко работел како учител. Завршил правен факултет во Белград. По капутулацијата на Југославија станал инструктор на ПК на Македонија, а потоа и член на Покраинскиот комитет. Во јуни 1942 година бил именуван за член на Главниот штаб на Македонија. Во декември 1942 година бил уапсен од бугарската полиција и по долго мачење убиен во скопскиот обласен затвор, рече историчарот Марија Михова од Кавадаречкиот музеј.
Лични творби прочитаа ученици од Основното општинско училиште што го носи името на народниот херој.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
АХВ: Вонредни контроли во Крива Паланка, уништена небезбедна храна и изречени казни
-
Лишен од слобода маж од Порој поради кривично дело убиство
-
Без вода жителите од Сопиште и Чаир
-
Лишен од слобода 24 годишник од Кочани за издржување казна затвор од 7 години
-
Приведен бегалец од затвор
-
Тетовец со „тигуан“ шверцувал пиротехнички средства на Јажинце | ФОТО
-
Кражба на струја во Кавадарци
-
ЦУК: Шест пожари на отворено изминатото деноноќие, еден сѐ уште активен