Одбележани 17 години од загинувањето на бранителите Влатко Петров и Димитар Двојаковски
Штип денеска одбележува 17 години од загинувањето на македонските бранители Влатко Петров и Димитар Двојаковски, кои животите ги загубија кај Ваксинце во конфликтот во 2001 година. По тој повод семејствата на загинатите бранители, делегации на АРМ, локалната власт, Сојузот на борците и Здружението на бранители положија цвеќе на споменикот на бранителите во паркот К’ртеќе.
Претседателот на Советот на општина Штип, Јане Миланов истакна дека со денешното одбележување се дава почит за да не бидат заборавени бранителите Влатко Петров и Димитар Двојаковски.
- На денешен ден точно пред 17 години во 2001 година во воениот конфликт нашите сограѓани, Влатко Петров и Димитар Двојаковски ги дадоа своите животи за одбрана на нашата татковина, рече Миланов.
Ново на Сител
-
Охрид треба да привлекува туристи со своето природно и културно наследство, а не со езерски туризам
-
Преглед на вестите од светот
-
Христовски од АНБ: Незаконско следење имало, на ред е Обвинителството
-
Кој следел новинари и политичари?
-
Мицкоски чека да го види документот
-
Тема на денот со Виктор Јакимов, претседател на Сојуз на средношколци
-
ФФМ со рекордна донација за младите
-
Почна новата учебна година - 245 илјади ученици седнаа во училишните клупи