Одбележани 16 години од загинувањето на шест припадници на безбедносните сили во Тетово

По повод шестнаесет години од загинувањето на шест припадниците на безбедносните сили од гарнизонот Тетово во конфликтот во 2001 та година денеска во касарната на АРМ „Кузман Јосифовски-Питу" се одржа војничка свеченост за пригодно одбележување во спомен на загинатите.
Со едноминутно молчење за нивниот патриотизам, храброст и несебичност во заштитата на територијалниот итегритет и суверенитет на Република Македонија почит им беше оддадена на постариот водник Исак Руфати и војниците Николче Китанов, Пеце Матичевски, Влатко Миленкоски и Благоја Силјаноски кои на денешен ден пред шеснаесет години загинаа во заседа на две вооружени групи на потегот помеѓу Шипковица и Гајре на патот што од Тетово води до Попова Шапка како и на војникот Блашко Толев кој на 1 јули загина при гранатирање на Попова Шапка.
-За време на конфликтот во 2001 година загина 72 припадници на АРМ и МВР а околу 400 беа повредени. Загинаа и 10 цивили, а киднапирани беа 25 лица кои се водат како исчезнати. Конфликтот што правно заврши на 13 август 2001 година презвика освен овие човечки жртви и големи материјални загуби. Сепак територијалниот интегритет и суверенитет на државата беше сочуван најмногу поради несебичната пожртвуваност на патриотите кои беа во состав на безбедносните сили на Македонија меѓу кои беа и шестмината припадници на нашиот гарнизон кои ги дадоа своите животи за оваа цел, рече командантот на тетовскиот гарнизон на АРМ потполковник Игор Спасеноски.
Со полагање свежо цвеќе пред спомен плочата која во нивна чест е поставена пред командата на гарнизонот Тетово почит на загинатите им оддадоа членови од нивните семејства како и делегации на Првата механизирана пешадиска бригада, Третиот механизиран пешадиски баталјон, Командата на вториот логистички баталјон, Сојузот на борци Тетово, Организацијата на резервни официри Тетово, Сојузот на воени и полициски ветерани Тетово и Одборот на бранители.
Ново на Сител
-

Николоски: Градскиот воз и електричните еколошки автобуси се придонес кон намалување на аерозагадувањето во Скопје
-
Николоски: Нема политички договор со Бугарија за случајот Ива Михајлова
-

Трамп: Егзекуцијата на Нидал Хасан нема да биде емитувана во живо
-

Новиот Луна парк во Скопје треба да биде готов до крајот на 2027 година
-

Истрага против 20-годишник за компјутерска измама, злоупотреба на лични податоци и детска порнографија
-

Приведени 11 возачи за „безобѕирно управување возило“ во изминатото деноноќие
-

Хориха од денес дел од македонската ракометна репрезентација
-

Маск повторно го повика Зеленски да се повлече од претседателската функција
