Македонија
28. August 2018 - 11:59

Одбележана педесет годишнината од смртта на Антон Панов

 Пред бистата на Антон Панов (1906-1968) во истоимената Национална установа Центарот за култура, денес беше одбележана 50 годишнината од смртта на еден од најпознатите македонски драмски автори.
 
За животот и делото на Антон Панов зборуваше драматургот во струмичкиот театар, Ацо Гогов.
 
-Иако има поминато половина век од неговата смрт, сепак преку оваа установа, Центарот за култура „Антон Панов“, тој продолжува индиректно да живее. Кога повторно го препрочитувате делото на Антон Панов, кое до ден денешен не е објавено интегрално, дело кое не е обемно и кое е различно по својата естетска вредност, ќе видите дека Панов се зафатил со многу проблеми, со многу аспекти на живеачката кои се неверојатно актуелни и денес, рече драматургот Гогов.
 
Пред бистата на Антон Панов цвеќе положија претставници на Советот на општина Струмица, на Центарот за култура и тетарот и членови на семејството.