Одбележан Светскиот ден на Извидниците
Сојузот на извидници на Македонија заедно со своите извиднички одреди, а по повод Светскиот ден на извидниците, оваа година организираа повеќе хуманитарни настани.
- Хуманитарна акција беше организирана од Извидничкиот одред (ИО) „Димитар Влахов“ во која тие успешно изработија и донираа пакети храна на неколку домови, на повеќе локации во Чашка и Велес. Постарите извидници беа дел и од крводарителната акција во Велес, каде ја покажаа својата хумана мисија, информираат од Сојузот.
Првите извидници од Скопје, најискусните, ПСИО, Светскиот ден го одбележаа со готвење и делење храна на бездомниците во Скопје, организирање игри со децата од Дневниот центар за деца на улица – Шуто Оризари и децата од СОС Детското село.
Сојуз на извидници на Македонија традиционално, трета година по ред, продолжува со организирање на и крводарителска акција во Скопје.
Ново на Сител
-
Градот Штип, нов мост за соработка помеѓу Македонија и Велика Британија
-
30 лица чекаат трансплантација на орган
-
Преглед на вестите од светот
-
Осуденици добивале привремено ослободување: Истражните органи со детали за денешната акција
-
Тема на денот со Јован Јоновски, хералдичар
-
Критики од европските претставници за гласањето во ООН
-
9-тото електрично возило за чистење на БРАКО излезе на пазарот
-
Пратенички прашања: Од резолуцијата во ОН, преку Коцевски, до кој какво млеко пие