Одбележан Меѓународниот ден на руралната жена во Могила

Во организација на Федерацијата на фармерите и Мрежата за рурален развој на Република Македонија денеска во село Могила, битолско, се одржа манифестација по повод 15 Октомври – Меѓународниот ден на руралната жена.
Како што соопштија организаторите, на настанот, кој имаше за цел да го истакне значењето на улогата на жената во земјоделството и руралниот развој, присуствуваа жени од сите краеви на Македонија, но и од регионот, како и претставници на научни, образовни и други институции кои соработуваат со руралното население.
- Националниот координатор на Мрежата на жени – фармери на ФФРМ, Љубица Џониќ, како и претставник на здружението „Моја Фарма“, Ранкица Божиновска, имаа свои обраќања пред присутните. Посебен впечаток оставија презентациите од страна на претставникот на фондацијата Елена Лука и претставникот на Шелтер центарот, кои ги претставија активностите што ги спроведуваат нивните организации поврзани со поддршка на жените во руралните средини, невадуваат организаторите.
Ново на Сител
-

Филипче: Потребни се тешки компромиси за влез во ЕУ
-

Teма на денот со Ѓорѓи Паскалов, педијатар
-

Три лица осомничени за криминал од 2 милиони евра со регистрација на возила
-

СДСМ: Историско задолжување
-

Економијата во вториот квартал со раст од 4,3%, што е најдобар во последните 10 кавртали
-

Нови комунални возила за општините
-

Седми смртен случај од западно-нилска треска во Македонија
-

Клековски: 13-годишното дете со убод во срцето е во стабилна, но се уште во животно загрижувачка состојба
