Македонија
15. October 2016 - 21:07

Одбележан Меѓународниот ден на руралната жена во Могила

Во организација на Федерацијата на фармерите и Мрежата за рурален развој на Република Македонија денеска во село Могила, битолско, се одржа манифестација по повод 15 Октомври – Меѓународниот ден на руралната жена.

Како што соопштија организаторите, на настанот, кој имаше за цел да го истакне значењето на улогата на жената во земјоделството и руралниот развој, присуствуваа жени од сите краеви на Македонија, но и од регионот, како и претставници на научни, образовни и други институции кои соработуваат со руралното население.

- Националниот координатор на Мрежата на жени – фармери на ФФРМ, Љубица Џониќ, како и претставник на здружението „Моја Фарма“, Ранкица Божиновска, имаа свои обраќања пред присутните. Посебен впечаток оставија презентациите од страна на претставникот на фондацијата Елена Лука и претставникот на Шелтер центарот, кои ги претставија активностите што ги спроведуваат нивните организации поврзани со поддршка на жените во руралните средини, невадуваат организаторите.

Ново на Сител