Одбележан Меѓународниот ден на царината
Под мотото „Анализа на податоци за ефективно гранично управување“, Царинската управа на Република Македонија денеска го одбележа Меѓународниот ден на царината, 26 Јануари.
Директорката Наташа Радеска Крстевска им додели пофалници од генералниот секретар на Светската царинска организација Кунио Микурија на дванаесет царински службеници за придонес во успешно дизајнирање на системот на размена на податоци во рамките на SEED земјите партиципанти, нивна анализа и статистика, во анализите за детектирање на ризични точки кои резултирале со успешно спроведени операции во борба против криумчарењето на дрога, тутун и тутунски производи, како и во успешно спроведување на Проектот за мерење на времето за царинење и пропуштање стоки согласно методологијата на СЦО, кој Царинската управа на Република Македонија, во соработка со СЦО, го спроведе прва од земјите во регионот.
- Навременото собирање квалитетни податоци и нивната квалитетна анализа се битна претпоставка за успешно планирање на наплатата на приходите и операциите, утврдувањето на приоритетите, носењето на одлуките и мерењето на перформансите, стои во сооптението од Царинската управа.
Ново на Сител
-
СДСМ бара кривична одговорност за началникот
-
Тема на денот со Иван Анастасовски, професор на Факултетот за физичко образование
-
Еден убиен и четворица повредени во вооружена престрелка во Тетово
-
Разрешен началникот кој сакаше без налог да ја уапси директорката од Демир Хисар
-
Трибини - Место за гордост или сцена за инциденти?
-
Независните се сомневаат во одлуката на ДИК за кандидирање преку потписи
-
Топлотниот бран донесе зголемен број пациенти со мозочни и срцеви удари
-
Високите температури ги реактивираат пожарите