-->
-->
Одбележан денот на руската воена морнарица
-->
Денот на руската воена морнарица денеска беше одбележан во Санкт Петерсбург, кадепретседателот Владимир Путин изврши смотра на воените бродови.
- Руската флота успешно ја исполнува задачата да биде одбранбен потенцијал на нашата земја и со тоа дава клучен придонес во борбата против меѓународниот тероризам и игра огромна улога во обезбедувањето стратегиска еднаквост, изјави Путин, пренесе новинската агенција ТАСС.
На парадата, која почна на реката Нева, учествуваа 40 воени бродови, 40 борбени авиони и хеликоптери и околу 4.000 морнари и војници. Мостовите на реката беа кренати за бродовите украсени со сино-белото знаме на Свети Андреј да можат да поминат низ градот.
Претседателот Путин додаде дека руската воена морнарица повеќе од 300 години ја брани Русија и нејзиниот статус како морнаричка сила.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пристигнаа првите „Страјкери“ од САД
-

Продолжува судењето за Пулс
-

Македонија останува безбедна
-

Над 1000 казни за 2 дена
-

Повеќе можности за студентите, заедничка призната диплома на повидок
-

Македонски Каритас започнува проект од половина милион евра за подобрување на животната средина во седум општини од југоистокот
-

Трета година по ред ООУ Кочо Рацин од Прилеп организира еко акција за пошумување
-

Преглед на вестите од светот
